Кои сме ние
Здружението за ЕМДР психотерапија на Република Северна Македонија Скопје е доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение на граѓани регистрирано на 25.08.2021 година со седиште во Скопје.
Формирано е по пат на слободно здружување на стручњаци за ментално здравје, психолози, психотерапевти кои ја практикуваат психотераписката техниката ЕМДР во Македонија, а кои се здобиле со сертификат за најмалку прво ниво од Европското Здружение на ЕМДР.
Од 25.08.2021 година Здружението е рамноправен член на европската асоцијација за ЕМДР која ги воспоставува стандардите за примена на ЕМДР во клиничка пракса, истражување и едукација. Високите стандарди за примена на ЕМДР се гарантирани преку условите за сертификација и акредитација на терапевтите од страна на европската асоцијација.
Мисија, визија, цели и задачи
Здружението за EMДР психотерапија во Македонија, Скопје се формира заради остварување на поширок заеднички интерес: професионално унапредување на своите членови преку постојана едукација и запознавање на јавноста за придобивките од примената на техниката ЕМДР
Мисија
Пеку ЕМДР терапијата да се поробри животот на луѓето кои доживеале трауматски настани и страдаат од ментални болести поврзани со стресните искуства и односи од индивидуални, колективни или масовни несреќи како и промовирање и унапредување на менталното здравје.
Здружението на ЕМДР на Република Северна Македонија им обезбедува на терапевтите и на клиентите пристап до информации во врска со квалитетни терапевтски услуги засновани на стандардите на протоколот на ЕМДР со целосно почитување на нивното здравје и безбедност.
Визија
Терапијата со техниката ЕМДР ќе биде една од можностите за третман на пост-трауматските стресни нарушувања.
Основни цели и задачи
Основна цел на Здружението ЕМДР Северна Македонија е:
– воспоставување, одржување и споделување на највисоките стандарди за квалитет за примена, истражување и обука за ЕМДР за доброто на пошироката јавност.
-исто така, ја промовира EMДР психотерапијата како третман за широк спектар на психолошки состојби,
-да воспоставува заеднички стандарди на квалитет за обучувачи, помошници, супервизори и EMДР едуканти со другите Европски земји, со помош на EMДР Европа,
-учествува во организирање на конференции и работилници како начин за поддршка на целите на Здружението.
Органи на здружението:
Претседател
Светлана Илоски
Управен одбор
Јулијана Стојанова
Потпретседател
Емилија Тодороска
Секретар
Елена Петрушевска Веловска
Благајник
Ивана Хаџиванова
Координатор на односи со институциите и Асоцијациите
Радмила Живановиќ
Координатор на односи со јавност
Ана Блажева
Координатор на научно-истражувачки активности
Надзорен одбор
Илдита Билали
Член
Селма Демири
Член
Маријана Марковиќ
Член
Етички одбор
Александра Стојановска
Член
Елена Николовска
Член
Розита Андонова
Член