Skip to content

Кои сме ние

Здружението за ЕМДР психотерапија на Република Северна Македонија Скопје е доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение на граѓани регистрирано на 25.08.2021 година со седиште во Скопје.

Формирано е по пат на слободно здружување на стручњаци за ментално здравје, психолози, психотерапевти кои ја практикуваат психотераписката техниката ЕМДР  во Македонија, а кои се здобиле со сертификат за најмалку прво ниво од Европското Здружение на ЕМДР.

Од 25.08.2021 година Здружението е рамноправен член на европската асоцијација за ЕМДР која ги воспоставува стандардите за примена на ЕМДР во клиничка пракса, истражување и едукација. Високите стандарди за примена на ЕМДР се гарантирани преку условите за сертификација и акредитација на терапевтите од страна на европската асоцијација.

Партнери и соработници

ЕМДР Европа

Комора на психолози на РепубликаСеверна Македонија