Како да се стане член и услови за членство
Член на Здружение ЕМДР вo Република Северна Македонија може да бидат психотерапевти (психолози и психијатри), кои учествувале на најмалку една EMДР обука призната од EMДР Европската Асоцијација, вклучувајќи и супервизија.
Зачленувањето на Здружението се врши со поднесување на барање за пријава на оној кој аплицира за членство (во понатамошниот текст член) и доставување на потребните информации и докази за завршено образование и едукација како и сите други информации кои Управниот одбор смета дека е соодветно да ги побара.
Приемот за членство е одобрено од страна на Управниот одбор преку мнозинство на гласови, со обврска да ги мотивираат членовите кои ги одбиле.
Зачленувањето на Здружението се врши со пристапница односно со издавање на членска картичка, која при исклучување или престанок на членувањето во Здружението, задолжително се враќа со потпишување на лична писмена изјава.
Здружението за ЕМДР за своите членови води регистар на членство кој се ажурира еднаш годишно. Податоците од регистарот се заштитени во согласност со прописите за заштита на личните податоци и класифицирани информации.
Исполнувањето на правата на членовите и учество во социјални активности подлежат на реална исплата на годишна членарина утврдена на годишно ниво од страна на Управниот одбор, за секоја категорија членови, како и за други трошоци во рамките на условите утврдени од Управниот одбор.
Други придобивки од членството:
- Членство на ЕМДР Европа
- Учество на годишната конференција
- Редовни информации за настани и конгреси
- Достапни списанија од ЕМДР Европа
- Ажурирани информации за новите случувања во ЕМДР во терапијата фокусирана на траума
- Поддршка за национално и меѓународно вмрежување